Пејачката откри дека сè уште спие со џемперот на Саша Поповиќ за да ја чувствува неговата близина и мирис.
Пејачката Сузана Јовановиќ откри дека сè уште спие со џемперот на Саша Поповиќ, за да може во текот на ноќта да ја почувствува неговата миризба. Со солзи во очите и со грутка во грлото, таа зборуваше за секојдневието откако почина Саша Поповиќ и истакна дека неговата гардероба и понатаму стои нераспакувана од патувањето од кое никогаш не се врати.
Ги правам работите исто како што ги правев со него… Тој гледаше со мене турски серии, јас со него фудбал и Новак Ѓоковиќ. Имавме заеднички ритуали. Ништо не се промени од тогаш. Во куќата сè уште се чувствува неговото присуство. Не сум ништо допирала откако тој замина. Како што дојдовме од Париз тој ден, куферот стои нераспакуван… Еден џемпер кој го носеше стои со мене. Сакам да ја почувствувам неговата миризба“, изјави Сузана.
Поврзани објави
За потсетување, Сузана Јовановиќ првпат се огласи по смртта на Саша Поповиќ, откривајќи колку ѝ недостасува и присетувајќи се на нивната последна средба.
printskrin Youtube-kurir suzana jovanovic