Жирито го одложи финалето…
Отсуството на неколку клучни членови од жирито на финалето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ја разочара јавноста и натпреварувачите. Според извори блиски до продукцијата, ова никогаш не би се случило доколку беше жив Саша Поповиќ, кој важеше за столбот на дисциплината.
На финалната вечер минатата сабота во студиото во Кошутњак не се појавија Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ и Драган Стојковиќ Босанац. Овој факт не помина незабележано, а кај пејачите владее огорченост и бес.
Натпреварувачите се навистина разочарани и лути што жирито не покажа ни малку почит кон нивниот труд. Четири членови на жирито не се појавија и најверојатно нема да дојдат ниту следната сабота. Саша Поповиќ се превртува во гробот, навистина не го почитуваа. Тој беше столбот на дисциплината, а ова однесување е крајно непрофесионално“, изјави извор од продукцијата.
Поврзани објави
Според истиот извор, натпреварувачите се обидувале да останат оптимисти, но атмосферата била лоша затоа што отсуството на клучните членови на жирито сериозно ја погодила нивната самодоверба.
Смртта на Саша Поповиќ остави голема празнина во Гранд. Сите се прашуваа што ќе се случи понатаму и дали вакви работи ќе се повторуваат. Многу деца се плашат дека нема да добијат третман како што имаа натпреварувачите во претходните сезони. Ова однесување е јасен сигнал дека нешто мора итно да се смени во организацијата“, заклучува изворот.
zvezde granda printskrin youtube