На едно навидум обично семејно крстарење кон Бахамите, на бродот Disney Dream, се одвивала вистинска драма која им го заледила срцето на сите патници.
Инцидентот се случил на 29 јуни, кога мало девојче, според сведоците, паднало од четвртото ниво на бродот – директно во длабокото сино море. Без размислување, нејзиниот татко скокнал по неа, воден од единствениот инстинкт – да ја спаси.
Сè се случи во секунда. Едноставно исчезнаа од палубата“, раскажува една од патничките која била сведок на драматичниот момент.
Паниката брзо се проширила низ бродот, а преку разгласот се слушнало тајното предупредување „MOB“ – кратенка за „Man Overboard“, што сигнализира дека некој паднал во морето.
Иако крузерот се движел со голема брзина, екипажот реагирал експресно. Капетанот го забавил бродот, го свртел назад и испратил спасувачки чамец.
Во водата беа како мали точки, веќе ги губевме од видик. Се молевме само да стигнеме навреме“, додава друг сведок.
За среќа, и таткото и ќерката биле пронајдени и успешно извлечени од морето, без потешки последици. Според информациите од компанијата Disney Cruise Line, двајцата се во добра состојба и згрижени се од страна на медицинскиот персонал на бродот.
Поврзани објави
Во едно од видеата што ги преплавија социјалните мрежи, во заднина се слуша и коментар на збунет патник:
Мислам дека се обидуваа да направат фотка покрај оградата…“
@noeayala32 #disneycruise#disneydream ♬ original sound – noe ayala875
Без разлика дали навистина станувало збор за обид за фотографија или нешто друго, едно е сигурно – храброста на таткото и брзата реакција на екипажот спречија трагедија и им овозможија на сите да станат сведоци на една човечка победа.
@noeayala32 #disneycruise #disneydream ♬ original sound – noe ayala875
Овој чин на родителска храброст ја потресе јавноста и уште еднаш потсети на неизмерната сила на љубовта – дури и кога таа бара скок во непознатото.
Видео: Тикток