Почетна Убавина и здравјеХармонијата во креветот е поврзана со подобра концентрација и продуктивност

Хармонијата во креветот е поврзана со подобра концентрација и продуктивност

од nenad
2 минути читај за

Научниците спровеле серија истражувања кои се однесуваат на страста помеѓу партнерите и дошле до заклучок дека хармоничната сексуална страст влијае на подобра концентрација и продуктивност, додека оние опседнати со размислување за сексот потешко ги извршуваат своите обврски, како и животните цели.
Низа истражувања покажале дека хармоничната сексуална страст им недостасува на оние парови кои се опседнати со размислувањата за сексот. Во истражуавањето,како што пренесува Scientific American,концептот „хармонични сексуални страсти“ е дефиниран како „чувство на копнеж по секс кој самиот по себе е складен и има минимални последици на другите аспекти во животот на лицата кои го практикуваат“.

Во истражувањето кое го извршило Journal of Personality and Social Psychology, Фредерик Филип и Роберт Валеранд се послужиле со серија експерименти за да откријат кои двојки имаат страствен сексуален живот и на што се’ тој може да влијае.

Научниците дошле до заклучок дека оние парови кои имаат хармоничен однос во креветот не дозволуваат желбата за секс да влијае на нивното секидневие. Спротивно на овие резултати се покажало дека кај паровите со опсесивна сексуална страст копнежот за секс влијае на сите аспекти на животот. Тоа конечно доведува до помалку заеднички цели во сексот што влијае на постигнувањето оргазам и сексуално задоволство. Со други зборови, сексот во овој случај се извршува, наместо во него потполно да се ужива.

Константно размислување за секс е дисхармонија

Ако на момент погледнеме поширока слика, се соочуваме со уште една негативна
последица од постојаното размислување за секс. Научниците тврдат дека
сексуалните опсесивци сексот го доживуваат како примарна и најважна мисла која ги спречува да постигнат одредени цели во животот.
Едно од истражувањата кое се бавело со оваа тематика покажало дека сексуалните опсесивци имаат поголема веројатност дека секс ќе гледаат во се’ и секаде, на пример, во двосмислени ситуации, како и двосмислени зборови кои инсуинираат на него.
Зборовите на кои сексуалните опсесивци им дале сексуално значење се медицинска сестра, штикли и униформа. Истражувањето го забележало и тоа дека сексуалната опсесија не е исто што и сексуалната компулзивност или зависност од секс.

Хармоничната страст во креветот е поврзана со подобра концентрација

Лицата со хармонична сексуална страст имаат секс од љубов, а не поради посебни цели. На барање на истражувачот да наведе што е можно повеќе сексуализирани зборови во една минута, испитаниците кои водат страстен љубовен живот предложиле подеднаков број предлози како и случите кога од нив се барало да предложат зборови поврзани со интимност и љубовна врска.
Така се истакнале зборовите каако гради, пенис и вибратор како и зборовите
нежност, интимност и сексуален однос.
Лицата кои имаат хармонична сексуална страст исто така имаат поголема контрола над своите сексуални мисли, поради што се поконцентрирани на извршување на секојдневните задачи.