На 07.03.2023 во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото. На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Б.Џ. и Ш.Е. биле со телесни повреди и прифатени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Јавен обвинител бил известен за настанот, а екипа од СВР Скопје извршила увид.
A tragedy occurred at the Stenkovetska dam, resulting in the loss of one life and two injuries.
87