Џесика Алба и нејзината ќерка Онор заедно присуствувале на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез
Холивудската ѕвезда и успешната претприемачка Џесика Алба се појавила на гламурозната венчавка на милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, а вниманието на присутните го украла во друштво на својата најстара ќерка, прекрасната Онор.
Онор, која има 17 години, покажала дека ги наследила мајчината грациозност и чувство за стил. Во елегантен фустан со боја на кожа, украсен со бисери од брендот Self Portret, таа изгледала како вистинска ѕвезда на вечерта.
Со дискретна, но блескава шминка и црвен кармин, и со раскошна темна коса која ѝ паѓала на грбот, тинејџерката привлекувала внимание на секој чекор. Со својот изглед и убавина ја засенила и сопствената мајка.
Поврзани објави
Џесика, која има 44 години, одбрала смарагднозелен фустан со потпис на Зухаир Мурад. Таа оставила впечаток на елегантна дама, а фустанот ѝ стоел совршено.
Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен, од кого се развела во февруари оваа година, имаат три деца. Покрај Онор, тука се и Хејвен (13) и 7-годишниот Хејс. Иако во последно време попосветена е на развојот на својот бренд и на семејниот живот, Џесика одвреме-навреме се појавува на големи настини, и тоа секогаш со стил. Во овој случај, настанот бил свадбата на векот.
Нејзиното присуство на венчавката, заедно со прекрасната Онор, покажало колку е силна нивната поврзаност. Комбинацијата на софистицираност и младешки сјај била вистински моден погодок кој ги украл сите погледи.
ФОТО: Инстаграм