После 40 години заеднички живот, Зорица Брунцлик и Кемиш конечно ќе прават свадба…
Познатата народна пејачка Зорица Брунцлик и музичкиот виртуоз Мирослав Кемиш Аранџеловиќ, по четири децении брак, конечно ќе ја прослават својата љубов со свечена венчавка – во дворот на нивниот семеен дом во Крњача на 29 јуни, кога Зорица ќе го одбележи и својот 70-ти роденден.
Зорица искрено откри дека првично мислела оти Кемиш се шегува кога ѝ предложил свадба:
Мислев дека се шегува, ама кога видов дека е сериозен, не сакав да му ја расипам радоста“, изјави таа.
Поврзани објави
Двојката веќе ги дегустираше специјалитетите што ќе се служат – традиционално српско мени со солени закуски, покрај базенот, а атмосферата ќе биде исполнета со музика, семејство и пријатели.
На венчавката ќе има шатори, украсени маси, телелешка глава, домашни ракии и богати десерти – сè во духот на српските обичаи и љубовта што ја одржаа цели 40 години заедно.
printskrin Youtube-blic