Черен Каракоч шокира со приватниот изглед и животот далеку од драмите на екран
Публиката ја знае како мистериозната и студена Нилај од „Шербет од брусница“, но малкумина би ја препознале Фејза Чивелек во приватниот живот. Актерката изгледа сосема поинаку кога не е во улогата на сериозната снаа.
Надвор од снимањето, Чивелек плени со природна убавина, опуштен стил и заводлив изглед. Со години е во хармоничен брак со актерот Осман Каракоч, а нивната љубовна приказна често е тема на муабет во турските медиуми.
На Инстаграм може да се видат нејзините фотографии од патувања, вечери во ресторани и моменти со пријатели, каде изгледа сосема различно од строгата и драматична Нилај.
Поврзани објави
Очигледно, Каракоч вешто ја одвојува актерската кариера од реалноста. Далеку од камерите, таа е модерна жена која знае како да ужива во животот – насмеана, слободна и секогаш стилски дотерана.
printskrin Youtube-serbet od brusnice