Почетна Убавина и здравјеКога детето прозборело, сите се шокирале – Убавина и здравје

Кога детето прозборело, сите се шокирале – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Девојка од Русија одлучила да проговори дури откако пораснала, а дотогаш со години го трпела злоупотребувањето на очувот кој ја убедил дека тоа е нормално

Приказната за едно навидум обично семејство од југот на Русија шокирала многумина. Очувот ја силувал малата ќерка на својата сопруга со години, и тоа во семејното гнездо. Педофилот првпат го нападнал девојчето кога имало само 8 години. А зошто мајката на детето не го прекинала ова насилство, останува мистерија.

„Мораш да го сакаш тато“

Од 2017 година, животот на малата Полина се претворил во пекол. Новиот партнер на нејзината мајка почнал да покажува интерес за неа, кој не бил примерен. И еден ден, кога останал само со детето додека жена му не била дома, го силувал.

По тоа што се случило, го убедил измаченото и исплашеното девојче дека таквиот однос со таткото е нормален. И таа ништо не ѝ кажала на мајка ѝ.
До 2024 година, девојчето редовно било жртва на насилство од страна на нејзиниот очув. Подоцна, истрагата го обвинила според неколку членови од Кривичниот законик одеднаш, кои се однесуваат на повреда на сексуалниот интегритет на едно дете: силување, непристојно однесување, сексуален чин и слично.

Сите тие години, мајката не го забележувала или не сакала да го забележи необичното однесување на нејзината ќерка. И го толерирала, велејќи ѝ „мораш да го сакаш татко ти“. Според руските медиуми, девојчето било под комплетно влијание на не нејзиниот очув.


Поврзани објави

Затворен процес и скршен живот

Девојчето одлучило да раскаже што ѝ правел нејзиниот таканаречен „татко“ дури кога пораснало, а нејзината приказна ги шокирала сите.

Според медиумите, судењето се одржало зад затворени врати, од почит кон жртвата. Педофилот комплетно ја признал вината. Судот не открива дали се покајал.

Армавирскиот суд го осудил 41-годишниот педофил на 19 години затвор во казнена колонија на строг режим и го лишил од правото да има контакт со деца под 18 години. Покрај тоа, и откако ќе излезе, ќе мора да оди на задолжително лечење и да биде под надзор на психијатар.

Пресудата сè уште нема стапено на сила и педофилот има право на жалба.

ФОТО: Caleb Woods / Unsplash