Нешто се крчка…
По големата драма и јавните прекини, повторното зближување меѓу пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале донесе неочекувана пресвртница. Рале откри дека сега, кога Ана му даде втора шанса, тој е спремен да изговари судбоносно „да“ пред матичар.
Иако детали за датумот и формалностите сè уште не се познати, тоа е јасен сигнал дека парот размислува сериозно.
Поврзани објави
Предходно се шпекулираше дека би можеле да се венчаат на голем христијански празник, Видовдан, но Рале порано објасни дека во тој момент фокусот им бил повеќе на нејзината кариера отколку на свадба.
Сега, по помирението, атмосферата се променила. Иако не е потврдено дали венчавката ќе биде голема и со многу гости, или интимна во кругот на најблиските, факт е дека парот е во фаза на големи планови – брак на хоризонтот!
printskrin Youtube-blic tv nikolic