Почетна Убавина и здравјеИма ли нешто поубаво од мирисот и вкусот на домашно тесто? – Убавина и здравје

Има ли нешто поубаво од мирисот и вкусот на домашно тесто? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Јадете ги со кајмак, ќебапчиња, плескавици…

Состојки:
  • 360 г брашно
  • 250 мл млака вода
  • 16 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица масло
Приготвување:

1. Измешајте квасец со млака вода и шеќер. Добро промешајте и оставете да отстои 15 минути.

2. Додајте пола од брашното во смесата со квасецот и изматете. Потоа, додајте ја другата половина од брашното и сол. Матете непрекинато.


Поврзани објави

3. Тестото треба да биде како гума. Потоа, додајте масло и замесете тесто со раце. Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставате да отстои 20 минути.

4. На добро набрашнета работна површина, поделете го тестото на 4 топчиња. Секое топче посипете го со брашно и покријте го со проѕирна фолија. Повторно оставете ги да отстојат 20 минути.

5. Потоа, расучете ги топчињата во лепчиња и повторно посипете ги со брашно. Преку секое од нив ставете проѕирна фолија и оставете го да отстои 15 минути.

6. Ставете ги лепчињата во подмачкан плех, пресечете ги со нож во должина и попреку и печете ги 10 минути на 275 степени во претходно загреана рерна.

7. Извадете ги од рерна и попрскајте ги со вода, па покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 15 минути за да омекнат.

ФОТО: Liana S /Unsplash