Пејачката вложи 100.000 евра за аудио-визуелен проект за својата турнеја „Лав“, со надеж да го прикаже „темното лице“ на сцената.
Пејачката Милица Павловиќ одлучи да ја следи глобалната мода на „Кардашијаните“ – и создаде свој документарец од 4 серии! Производството на серијалот е професионално, луксузно и потполно посветено на нејзината турнеја „Лав“.
Нејзе не ѝ беше жал да потроши 100.000 евра за да покаже што сѐ се случува зад сцените. Милица смета дека ова вреди, за да можат нејзините фанови да ја видат и потешката страна на кариерата, а не само сјајот и гламурот.
Првиот дел од серијалот ќе се прикаже на една од најгледаните телевизии. Милица најави дека сѐ ќе биде искрено, природно и без сценарио, за да можат луѓето да ја видат вистинската Милица Павловиќ.
Нејзините обожаватели со нетрпение очекуваат да видат сѐ – од напорната работа до емотивните моменти. Милица покажа смелост да се отвори и да сподели сѐ со својата публика.
printskrin Youtube-face hd tv milica pavlovic