14
Министерството за внатрешни работи попладнево ги извести граѓаните дека не можат да ја добијат полицијата на бројот 192, кој поради технички причини во моментов не е во функција Од МВР велат дека се преземаат мерки за оспособување на телефонската линија.
„Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број“, информираат од МВР.