Почетна ЕкономијаВозач удрил пешак во Скопје и избегал – полицијата го пронајде и го приведе 19-годишникот

Возач удрил пешак во Скопје и избегал – полицијата го пронајде и го приведе 19-годишникот

од nenad
1 минути читај за

Деветнаесетгодишен жител на Скопје е приведен под сомнение дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која повредил пешак, а потоа го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 5 август околу 21:20 часот на крстосницата на улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“. Осомничениот, идентификуван како Н.Н. (19), управувал автомобил „Фиат Пунто“ кога удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје.

По ударот, возачот не застанал да помогне, туку го напуштил местото на несреќата.

Повредената жена била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

По извршениот увид, полициските екипи започнале интензивна потрага по возачот и возилото. По насоки на надлежен јавен обвинител, 19-годишникот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а автомобилот со кој била предизвикана несреќата е одземен за понатамошно вештачење.

Од МВР најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.