Почетна Убавина и здравјеВо екот на славата се затворил во хотелска соба! – Убавина и здравје

Во екот на славата се затворил во хотелска соба! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Грегори Пек, освен тоа што немал среќа во љубовта, доживеал и трагедија која му го променила животот од корен

Животот на еден од најпознатите холивудски актери, Грегори Пек, е преполн со интересни детали, а освен тоа што немал среќа во љубовта, доживеал и трагедија која му го променила животот од корен.

Првиот брак на Грегори Пек бил со Грета Кукон, а според биографијата на Мајкл Фридленд „Грегори Пек“, актерот навистина ги сакал нивните тројца синови. Но иако сакал да им го овозможи детството што тој никогаш не го искусил, тој и неговата сопруга постојано биле во конфликт. Таа не ја одобрувала неговата бескрајна потреба да продолжи со својата кариера и притисоците што произлегувале од тој порив. Имал само 34 години кога стресот и чувството на заробеност станале толку големи што доживеал срцев удар.

Таблетите и алкохолот му предизвикале голема тага, а по една караница, си заминал и поминал еден месец сам во бунгалов во пустината Мохаве. Таму заклучил дека никогаш нема да биде среќен во бракот, но сметал дека може да се справи со него заради имиџот и нивните деца.

Останале во брак за време на снимањето на филмот „Римски празник“, дури и се обиделе да продолжат да живеат заедно. Во 1954 година Associated Press ја објавиле нивната официјална и конечна разделба, а нивната бракоразводна постапка му предизвикале тешко душевно страдање, голем срам и понижување. Пек, во меѓувреме, во интервју за People рекол дека најтешко му паднало прашањето како ќе влијае ова врз неговите синови.

„Три недели се чувствував ужасно поради момчињата. Останав во хотелската соба како мечка во пештера.“


Поврзани објави

Вторпат се оженил со француската новинарка Вероник Пасани во 1955 година, а двојката имала две деца.

„Беше добар татко, иако често не беше дома, а тоа секогаш е голем предизвик за едно дете“, признал син му Стивен.

„Кога беше тука, беше присутен и беше добар слушач.“

Актерот бил многу близок со своите деца, но не можел да ја спречи големата трагедија. Неговиот син извршил самоубиство. Знаел дека Џонатан се соочува со многу проблеми, меѓу кои и раскинување на врската, стресот што му го предизвикувала работата во новинарската индустрија, здравствените проблеми кои вклучувале васкуларни болести и самоубиството на поранешната девојка. Пек дури и му дал пари и упатства да најде терапевт и да разговара со него.

Грегори Пек никогаш не ја преболел оваа загуба, а во Холивуд кружеле шпекулации дека доживеал нервен слом и дека наредните две години ги поминал во ментална установа.

Починал на 12 јуни 2003 година во сон од инфаркт и воспаление на белите дробови, во Лос Анџелес. Имал 87 години. Бил погребан во мавзолеј во катедрала во Лос Анџелес.

ФОТО: Инстаграм