Table of Contents
Нема ништо поубаво од балконите украсени со цвеќе – со малку труд, и вашата можете да ја претворите во рајска градина и вистинска оаза за уживање
Ако барате цвеќе што ќе успее на тераса изложена на силно сонце, високи температури и повремен ветер, постојат неколку прекрасни и отпорни видови, кои ќе ви го претворат балконот во раскошна градина полна со бои, мириси и живот. Еве кои билки се совршениот избор за такви услови…
Мушкатла
Вистински дами на сончевите тераси! Не само што обожаваат сонце и топлина, туку и отпорни се на ветер. Полевајте ги редовно, но одбегнувајте водата да стои во саксијата. Постојат ползечки и исправени сорти, а цутат од пролет до есен во сите можни бои.
Петунија
Петуниите се класичен избор за сончевите тераси. Обожаваат топлина, а ветерот нема лесно да ги свие, особено ако се насадени во висечки саксии, каде што ќе имаат доволно простор да се разгрануваат. Богато цутат сè до првите мразови, но важно е редовно да им ги отстранувате прецутените цветови.
Цинија
Циниите се вистински кралици на летните тераси – отпорни се на сонце, топлина и ветер, а со своите интензивни бои освојуваат на прв поглед. Цутат од рано лето до доцна есен и не изискуваат многу нега, освен редовно полевање и повремено кастрење на овенатите цветови.
Оловница
Поврзани објави
Ако сакате терасата да ви изгледа како катче од југот на Италија, оловницата е вистинскиот избор. Оваа грмушка со нежни сини цветови обожава топлина и сонце, добро поднесува ветер и може да се одгледува во поголеми саксии. Привлекува пчели и пеперутки, а цути неуморно во текот на целата сезона.
Мексиканска роза
Билка со ситни, бујни листови и впечатливи цветови. Не бара многу вода, обожава сонце, а ни ветерот не ѝ пречи. Идеална е за висечки жардинјери или за рабовите на терасата. Нејзините цветови се отвораат само на сонце – вистински симбол на летната ведрина.
Газанија
Газанијата е африканско цвеќе кое ги отвора своите цветови само на сонце. Поднесува екстремни температури и суша, а не ѝ пречат ни ветровитите позиции. Цветовите се со интензивна боја – жолти, портокалови, црвени.
Зокум (олеандер)
Совршен е за поголеми тераси. Олеандерот е грмушеста билка која обожава сонце и може да ги издржи силните удари на ветрот. Има бели, розови и црвени цветови, а цути цело лето. Напомена: билката е отровна, па не се препорачува ако имате мали деца или домашни миленици.
Ако терасата ви е изложена на сонце во текот на целиот ден и ако изложена на ветер, важно е саксиите да бидат стабилни и да имаат добра дренажа. Полевајте ги наутро или навечер, и не заборавајте дека билките кои сакаат сонце, сакаат и да дишат, па немојте да ги збивате премногу една до друга.
ФОТО: UNSPLASH