Почетна ЕкономијаВанг Ји: Кина и Франција се договорија за решавање на трговските прашања

Ванг Ји: Кина и Франција се договорија за решавање на трговските прашања

од nenad
1 минути читај за

07/06/2025 6:33
ВЕСТИ, ФИНАНСИИ


Кина и Франција постигнаа согласност за разрешување на трговските и финансиските прашања преку разговор и преговори, објави вчера кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот француски колега, според соопштението од неговото министерство.

Во извештајот не е прецизирана суштината на постигнатата согласност.

Како што е пренесено, Ванг Ји му рекол на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Бароу дека двете држави треба да го поттикнуваат стабилниот прогрес на односите меѓу Кина и Европската Унија и дека Кина и Франција треба да ги почитуваат меѓусебните „основни интереси“.

зш/фото епа .