Манекенката Мора Хигинс добила синдром на токсичен шокУбавата манекенка Мора Хигинс открила дека останала жива благодарение на брзата реакција на лекарите. Имено, таа добила синдром на токсичен шок од обичен тампон. Својата приказна ја споделила со следбениците на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 3,5 милиони луѓе, за да ги предупреди сите девојки за овој сериозен здравствен проблем.Синдромот на токсичен шок настанува кога бактериите ќе влезат во телото, а потенцијална опасност може да биде и обичната изгореница или некоја друга повреда. Обично се појавува кај помлади жени за време на менструалниот циклус.Како и зошто настанува кај жените што користат тампони?Кога ќе дојде до продор на стафилокока или стрептокока во крвотокот, тие ослободуваат многу опасни токсини. Симптомите обично почнуваат ненадејно со висока температура, над 38,9 степени. За неколку часа се развива клиничка слика која потсетува на грип – главоболка, болка во грлото и мускулите, кашлица.Потоа, се појавуваат мачнина, повраќање, несвестица, вртоглавица, конфузија. Неопходно е веднаш да се дејствува со антибиотици, а понекогаш да се даде и кислород. Пациентот треба да внесува многу течности, а лекарот може да препише и лекови за контрола на крвниот притисок. Поврзани објави„Знам дека тампонот не смее долго да стои. Кога докторот најде тампон во мене, тој бил таму веќе три месеца – заглавен во грлото на матката“, раскажала манекенката која долго не се чувствувала добро, не знаејќи ја вистинската причина за тоа.Истакнала дека многу е важно отворено да се зборува за сѐ, за девојките, особено тинејџерките, да бидат свесни што може да им се случи доколку не го заменат тампонот навреме.„На девојките им се случува да го заборават тампонот преку ноќ. Особено ако вечерното излегување било бурно. Но важно е да отворено да разговараме за менструацијата и користењето тампони, а не да го криеме во ракавот како мене, секогаш кога одев во тоалет во средно училиште“, признала Мора.Според упатствата за користење тампони, се советува да се менуваат на три до четири часа. Лекарите велат дека треба да се земаат оние што минимално впиваат и наизменично да се користат тампони и влошки, како и да се применуваат максимални хигиенски мерки при нивната употреба.Дали е безбедно да се користи тампон во текот на ноќта?
Девојки, никако не правете го ОВА! – Убавина и здравје
106