Признајте со рака на срце – чистењето на бањата е најнепријатната домашна работа. Вистинска казна! Adme.ru собра неколку навистина генијални трикови кои ќе ви помогнат брзо и, пред сè, економично да исчистите до сјајност.
Исчистете ги највалканите работи во бањата
Вашата стара завеса за туширање ќе изгледа како нова ако ги измиете пожолтените и извалканите места со раствор од еднакви делови водород пероксид и обична вода.
За да ги отстраните бактериите од вашата четка за заби, потопете ја во чаша оцет околу еден час, а потоа исплакнете ја темелно.
Сунѓерите за капење исто така се потопуваат еден час во раствор од еднакви делови вода и оцет, а потоа добро се исплакнуваат.
Текстот продолжува на следната страна