Ханка Палдум тврди дека Лепа Брена ѝ ја „отела“ песната која била наменета за нејзиниот албум.
Естрадата е потресена од новиот скандал во кој Ханка Палдум ја обвини Лепа Брена дека ѝ ја „отела“ песната која била наменета за нејзиниот албум. Палдум изјави дека додека подготвувала нови песни за албумот, две композиции на Миша Марковиќ биле веќе вежбани и подготвени за снимање. Меѓутоа, непосредно пред да замине од Сараево, добила повик од композиторот дека една од песните ќе ја отпее Лепа Брена.
Бев многу тажна и разочарана“, изјави Палдум, додавајќи дека нејзината доверба била изневерена.
Таа истакна дека не се работи само за песна, туку за принцип и почитување меѓу колеги.
Поврзани објави
Овој инцидент повторно ја отвори темата за авторските права и етиката во музичката индустрија, особено кога станува збор за распределба на композиции меѓу изведувачите.
Досега, Лепа Брена не се огласи по повод обвинувањата, а јавноста со нетрпение очекува нејзин одговор на оваа контроверзна ситуација.
printskrin Youtube-k1 televizija