Совети за нега на розите за време на врнежливиот период
Влагата и топлината се најважните фактори за развојот на билките, но поројниот дожд може да ја доведе целата градина во опасност. Ако се грижите за вашите рози, еве неколку совети за нивна нега во текот на врнежливиот период.
За да го преживеат вишокот вода, на билките треба да им се овозможи добра дренажа, но и да се заштитат од нападот на штетници и плевелот.
Розите се кралско цвеќе, па затоа треба да им овозможите и кралска нега. Тоа значи дека прво треба да ги отстраните сите гранки што евентуално растат зад нив, за да можат да уживаат во сонцето кога го има.
Редовно отстранувајте го плевелот, кој најмногу се зголемува во преодниот период меѓу обилните дождови и топлите денови.
Поврзани објави
Проверете во каква состојба е земјата – коренот не смее предолго да се „дави“ во вода што не се излива, во спротивно ќе скапе. Ако розата е на подигната почва, направете каналче или некаква бариера зад неа, која ќе ја заштити од водата што се слева. Овозможете дренажа на секој може начин. По потреба, додајте уште земја, за да го подигнете нивото околу самото стебло.
Доколку имате повеќе рози кои се допираат, скратете им ги гранките. Поткрастете го и другото цвеќе исто така, за да има што повеќе воздух околу билките. Така ќе им овозможите полесно проветрување и побрзо сушење на листовите по дождовите. Секако, редовно треба да ги отстранувате прецветаните цветови.
Поројните дождови им овозможуваат на инсектите и штетниците да се размножат. За да ги заштитите розите, треба да ги прскате со инсектициди еднаш неделно. Тие, исто така, се подложни на напади од габички, па затоа треба да користите и фунгицид. Направете пауза од два дена по инсектицидот.
Кога времето ќе се стабилизира и врнежите ќе завршат, додајте им ѓубриво на розите, најдобро животинско ѓубриво – отстранете неколку сантиметри слој од земјата, ставете ѓубриво, па вратете ја земјата. Така ќе бидете сигурни дека розите убаво ќе ви цутат цело лето.
ФОТО: Nikita Tikhomirov / Unsplash