22/05/2025 20:17
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Агенцијата за храна на Обединетите Нации денес објави дека само „неколку пекари“ во Газа повторно започнаа со производство и дистрибуција на леб, откако Израел дозволи влез на камиони со хуманитарна помош во Појасот.
„Неколку пекари во јужна и централна Газа… го продолжија производството на леб откако десетици камиони конечно успеаја да соберат товар од граничниот премин Керем Шалом и да го достават“, се вели во изјавата на Агенцијата за храна на ОН.
Во соопштението се додава: „Тие пекари сега работат и го дистрибуираат лебот преку пунктови за приготвување топол оброк“.
фото ЕПА