Table of Contents
Според психолозите, постојат 5 работи што никогаш не треба да им ги кажете на родителите
Родителскиот однос останува длабоко емоционален и во возрасната доба. Иако важно е да ги изразувате своите чувства и да поставувате граници, психолозите предупредуваат дека одредени реченици можат непотребно да го повредат и загрозат односот. Еве неколку примери што би требало да ги одбегнувате…
1. „Ти си виновен/а за сите мои проблеми“ – (префрлање на вината)
Иако родителското влијание е големо, возрасните луѓе се одговорни за своите избори и емоции. Со обвинувањето на родителите создавате токсична динамика наместо здрав дијалог за минатото.
2. „Нема да бидам како тебе“ – (поништување на нивниот труд)
Оваа изјава може да се чини како директно отфрлање на нивните вредности и љубов, дури и ако не е кажана со таква намера. Постои начин да градите сопствен живот, без да го обезвреднувате туѓиот придонес.
3. „Доста веќе, ништо не знаеш“ – (непочитување и девалвација)
Родителите, особено на постари години, имаат потреба да се чувствуваат и понатаму важни. Исмејувањето на нивните мислења, дури и ако се застарени, доведува до чувство на бескорисност.
4. „Никогаш не ми даде доволно“ – (материјална или емоционална критика без контекст)
Поврзани објави
Таквите реченици може да предизвикаат длабоко чувство на вина кај родителите, дури и ако немале можност да дадат повеќе. Подобро е да зборувате за чувствата, наместо да ги обвинувате: „Ми недостасуваше топлина, а мислам дека ни ти не знаеше како да ја покажеш.“
5. „Не ме интересира твоето мислење“ – (затворање на вратата за комуникација)
Можеби нема да го прифатите нивниот совет, но покажете почит со начинот на кој ќе го одбиете. На родителите честопати поважно им е да ги сослушате отколку да ги послушате.
Емпатија наместо осуда
Сите родители грешат. Повеќето од нив постапувале најдобро што знаеле, во рамките на своите знаења и емоционални капацитети. Наместо импулсивни реченици што може да предизвикаат јаз, психолозите советуваат искрен, но емпатичен дијалог, заснован на „јас“ пораки:
- „Чувствувам дека не ме разбра тогаш и тоа ми паѓа тешко.“
- „Сакам да ти кажам како се чувствувам, а не да те обвинувам.“
Така ќе изградите позрел однос кој може да го излечи и она што некогаш болело.
ФОТО: Bence Halmosi / Unsplash