Оваа софистицирана тоалета е инспирирана од вечерниот фустан „Поуленц“ од 1949 година, кој го креирал самиот Кристијан Диор, но се чини дека бил дискретно изменет специјално за Џенифер Лоренс
Актерката Џенифер Лоренс пристигнала на црвениот килим на Канскиот фестивал, ни помалку ни повеќе туку во венчаница!
Таа носела специјално креиран фустан „Диор“ за премиерата на филмот Die, My Love, со што евоцирала дел од историјата на овој бренд на црвениот килим.
Лоренс, за чиј изглед задолжена е стилистката Џејми Мизрахи, носела специјално дизајниран фустан „Диор“ и на својата венчавка во 2019 година со Марони. А за Кан се одлучила за бел фустан со голи раменици сличен на венчаница, направен специјално за неа во модната куќа „Диор“. Фустанот го сочинуваат слоеви нежен материјал, а на струкот има свилена лента.
Поврзани објави
Оваа софистицирана тоалета е инспирирана од вечерниот фустан „Поуленц“ од 1949 година, кој го креирал самиот Кристијан Диор, но се чини дека бил дискретно изменет специјално за Џенифер Лоренс.
Верзијата од 2025 имала нешто потенка лента во струкот, но целосниот изглед и каскадните слоеви му останале верни на оригиналот.
ФОТО: Инстаграм