Почетна Убавина и здравјеБојана Скендеровски со голем концерт во Тетово: „Глас што се чувствува, вечер што се памети“

Бојана Скендеровски со голем концерт во Тетово: „Глас што се чувствува, вечер што се памети“

од nenad
1 минути читај за

По успешните музички вечери во Скопје и Штип, Бојана Скендеровски продолжува со својата концертна серија и на 22 мај пристигнува во Тетово.

Со почеток во 20 часот, сцената на Дом на култура „Иљо Антевски Смок“ ќе биде домаќин на музичка вечер исполнета со емоции, љубов и безвременски хитови, под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“.

Публиката ќе има можност да ужива во концерт што ветува многу повеќе од музички настап – блиска средба со публиката, искрени емоции и песни кои оставиле трага низ годините. Секоја композиција ќе раскаже своја приказна, а секој аплауз ќе стане дел од едно незаборавно заедничко доживување.


Поврзани објави

„После прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со многу емоции, љубов и музика што долго ќе се памети“, изјави Бојана.

Ова е трет концерт по ред од концертниот караван на Бојана Скендеровски, кој со секој нов настап потврдува дека вистинската музика најсилно се чувствува кога се споделува со публиката.

Билетите по цена од 400 денари се достапни во Гранд Тобако – ТП Тетово, а бројот на места е ограничен.