Почетна ЕкономијаДизелот со повисока цена, бензините без промена

Дизелот со повисока цена, бензините без промена

од nenad
1 минути читај за

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ ќе биде поскап за два денари по литар, додека трошокот на останатите горива останува непроменет, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со оваа одлука се реализира пораст на цените на бензинските пумпи за нафтените деривати во просек за 1,23 проценти во однос на минатата пресметка.

Новата цена на мало за ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се нуди за 73,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5, а Екстра лесното масло за греење (ЕЛ-1) за 65 денари за литар.

Според регулаторот, за 1,079 денари за килограм се покачува и цената на Мазутот М-1 НС и ќе чини 36,529 денари.

Од РКЕ наведуваат дека референтните цени на нафтените деривати на глобалниот пазар во споредба со претходната калкулација забележуваат зголемување кај бензините во просек за 3,705 отсто, кај дизелот за 3,798, кај екстра лесното масло за 3,483 и кај мазутот за 3,238 отсто.

„Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9891 отсто“ – посочуваат од РКЕ. вј/нд/Фото: МИА архива. Извор: МИА