Почетна ЕкономијаНАТО планира најголем пораст на трошоците за одбрана од Студената војна

НАТО планира најголем пораст на трошоците за одбрана од Студената војна

од nenad
1 минути читај за

НАТО почна дискусии за покачување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП за сите земји членки до 2032 година, што би претставувало најголемо зголемување од времето на Студената војна, извести денес „Блумберг“.

Оваа иницијатива, дел од барањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе биде разгледана на министерскиот состанок кој се одржува деновиве во Анталија и на јунскиот самит во Хаг.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи алтернативен пристап: 3,5 отсто од БДП за основни трошоци за одбрана и дополнителни 1,5 отсто за воена мобилност, двојна технологија и кибер-безбедност. Останува “нејасно дали овие дополнителни средства ќе произлегуваат од постојни или нови буџети.”

Во моментов, ниедна од 32-те членки не го исполнува барањето од пет отсто, а осум држави не одвојуваат за одбрана ниту два отсто од БДП. “САД лани учествувале со 64 отсто од вкупните трошоци на Алијансата.”

Целта на самитот во Хаг, прв за Трамп по неговото враќање во Белата куќа, е “рамномерна распределба на товарот и редовна проверка на спроведените мерки.”

Од оние кои одвојуваат најмногу средства, Полска е најблиску до целта со 4,1 отсто и планира 4,7 отсто во 2025 година. Следат САД со 3,7 отсто и Естонија со 3,4 отсто. Другите земји, вклучително и Италија и Шпанија, неодамна го достигнаа прагот од два отсто.

Истовремено, се планира и зголемување на воено-индустриското производство и реформи за ефикасно управување со НАТО.