Ели Гонсалвес слави годишнина од бракот со Рос Скатс, а во таа пригода, ги потсетила следбениците како изгледала на денот на венчавката
Актерката, манекенка и инфлуенсерка Ели Гонсалвес пред две години се венчала со партнерот Рос Скатс, но не ни претпоставувала какви реакции ќе предизвика нејзината свадба, особено поради изборот на венчаница за која и денес се зборува.
Имено, на тој ден таа променила три модни комбинации, но поради главниот фустан се нашла на столбот на срамот и ја добила титулата „највулгарната невеста“. Но се чини дека лошите коментари не ја вознемириле, па таа неретко објавува фотографии од венчавката токму во таа креација, а еднаш нагласила и дека нејзиниот сопруг бил воодушевен од тоа како изгледала додека го изговарале судбоносното ДА.
На интимната церемонија се појавила во помпезна венчаница од деликатна, проѕирна ткаенина со точки и богато украсена тантела со тридимензионални цветови. Превезот предизвикал драматичен ефект, бидејќи и самиот бил декориран со истите цветни украси.
Наредниот ден Рос и Ели организирале гала свадбена забава, на која што 33-годишната невеста носела две венчаници – и двете биле многу атрактивни и модерни.
Поврзани објави
Но на крајот од вечерта, кога атмосферата на забавата се загреала, Ели сакала сите да ги изненади, па се преслекла третпат во многу провокативен фустан, а нејзината смелост шокирала многумина.
Имено, станува збор за мини-венчаница во форма на корсет, сочинета од целосно проѕирен тул, додека интимните зони на телото вешто ги сокрила со бела тантела. Кога ја објавила на фотографија, добила купишта негативни коментари, па дури и навреди, на кои таа остро им одговорила:
„Не можам да верувам дека луѓето толку ме навредуваат поради венчаницата. Станува збор за фустан на венчавка каде што не познавате никого. Ако не ви се допаѓа, немојте да гледате. Толку е едноставно“, напишала таа.
ФОТО: Инстаграм