Почетна Убавина и здравјеЛесно се вклопува се и во дневни и во вечерни изданија! – Убавина и здравје

Лесно се вклопува се и во дневни и во вечерни изданија! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ова ќе биде маникирот што ќе доминира во летните месеци

Летната сезона полека се приближува и почнува да диктира промени: во гардеробата, фризурата, дури и на ноктите.  Светот на маникирот моментално е полуден по најпосакуваната нијанса ова лето: аквамарин сина.

Годинешниот хит што ги преплавува социјалните мрежи и црвените килими се вика Aquamarine Angel Mani а изгледа еднакво освежително како леден чај покрај морски брег.

Трендот го лансира познатиот експерт за маникир Том Бачик, кому своите нокти му ги доверуваат Џенифер Лопез и Селена Гомез. Ова е неговата визија: цијан-сина база посипана со хромиран сјај, која создава ефект на водено стакло – светкаво, блескаво и луксузно. Резултатот? Нокти кои изгледаат како да настанале од бранови.

Инспириран од истоимениот скапоцен камен и нијансите на морето, оваа боја не само што го освежува секој стајлинг, туку и совршено го нагласува потемнетиот тен. И тука лежи неговата вистинска моќ: едноставен е, а поефектен од повеќето екстравагантни летни дизајни.


Поврзани објави

Сепак, Aquamarine mani не е само летна свежина – тој носи и носталгичен призвук на гламурот од 2000-тите. Стилот на Парис Хилтон во раните 2000-ти е вистински приказ на тој вајб. Pantone уште во 2003 година ја препозна моќта на оваа нијанса прогласувајќи ја Aqua Sky за боја на годината – и сега, повеќе од две децении подоцна, таа се враќа на сцената.

Дури и Кајли Џенер му се приклучила на овој тренд, претставувајќи ја својата верзија на Инстаграм: француски маникир со бебешкосини врвови и ситни сребрени детали на нокти со форма на бадем. Нејзината интерпретација дава дополнителна доза на префинетост и покажува дека аквамаринот лесно се вклопува и во дневен и во вечерен изглед.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Ако барате маникир што комбинира гламур, носталгичен шик и летна опуштеност, аквамарин ноктите се полн погодок. Оваа сезона, синилото не е резервирано само за морето, туку и за вашите нокти!

ФОТО: Unsplash, Инстаграм