Легендарната пејачка Лепа Лукиќ проговори за болната вистина од својот прв брак и причината за разводот.
Фолк ѕвездата Лепа Лукиќ откри непознати детали од нејзиниот прв брак, за кој ретко зборува во јавноста. Таа откри дека разводот се случил поради необична, но многу јасна причина – нејзиниот сопруг не можел да поднесе што е славна.
Ме остави затоа што не можел да ме гледа на телевизија и да слуша како луѓето ме фалат“, изјави Лепа, додавајќи дека тогаш сфатила оти не може да биде со човек кој ја гуши наместо да ја поддржи.
Лепа била многу заљубена, но не сакала да се откаже од својата кариера и публиката.
Поврзани објави
Му реков – ако ме сакаш, сакај ме вака каква што сум. Јас не сум жена што ќе седи дома и ќе готви ручек“, искрено раскажа пејачката.
Иако разводот ѝ бил тежок, денес таа гледа на тоа како на ослободување.
Се спасив од живот без љубов и разбирање“, заклучи Лепа Лукиќ, која и денес важи за една од најсилните жени на естрадата.
printskrin Youtube-HYPE TV