Почетна Убавина и здравјеВесна Коцевска ја доби наградата за најдобар Travel Influencer од Македонија на Social Media Summit

Весна Коцевска ја доби наградата за најдобар Travel Influencer од Македонија на Social Media Summit

од nenad
1 минути читај за



Доказ дека трудот, доследноста и љубовта кон она што го правиш се исплаќаат

Весна Коцевска, на Инстаграм позната како whisper.ves, ја доби наградата за најдобар травел-инфлуенсер од Македонија на Social Media Summit во Сараево.

„Ова не е само награда – ова е доказ дека трудот, доследноста и љубовта кон она што го правиш се исплаќаат. Вчера во Сараево, на SOCIAL MEDIA SUMMIT ја добив наградата за TRAVEL INFLUENCER од Македонија, бев избрана во ТОП 5 за регионот. Прекрасна организација и настан за кој вредеше да се пропатуваат многуте километри. Ви благодарам на сите што верувавте во мене – ова е наша ЗАЕДНИЧКА победа“, напиша Весна во објава на својот инстаграм-профил.

Изборот на инфлуенсери го направи хрватската агенција Hypefy, специјализирана за инфлуенсер-маркетинг и аналитика. По детална анализа на содржините на профилите, растот и влијанието кое го имале профилите во изминатите дванаесет месеци избрани се добитниците на награди од секоја земја.


Поврзани објави

Весна Коцевска долги години ги споделува своите волшебни патописи од местата што ги посетува, со што им помага на следбениците полесно да ја одберат својата следна дестинација и полесно да се организираат за патувањето.

„Голема благодарност до организаторите на самитот, до мојата заедница која ме следи и поддржува, и до сите кои веруваат дека патувањето е начин на живот, не само хоби“, се заблагодари Весна.

ФОТО: Инстаграм