Во најновата епизода, Марја Шерифовиќ го напушти студиото поради несогласувања со останатите членови на жирито.
Во најновата епизода на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд, што ќе се емитува оваа сабота од 21 часот, атмосферата меѓу членовите на жирито достигна точка на вриење. Марија Шерифовиќ, позната по својата искреност и страст, го напушти студиото среде емисијата поради несогласувања со колегите .
Инцидентот се случи по настапот на еден кандидат, кога Шерифовиќ изјави дека тој бил најдобар во првиот круг кога немал ментор. Цеца Ражнатовиќ се согласи, додавајќи дека менторот го упропастил, алудирајќи на Мили. Додека Шерифовиќ се обидуваше да го заврши својот коментар, колегите почнаа да зборуваат во исто време, што ја натера да изјави:
Може ли да завршам? Јас мислам… Ма, терајте како знаете“, по што стана и го напушти студиото.
Поврзани објави
Ова не беше единствениот конфликт во емисијата. Мили и Ѓорѓе Давид исто така влегоа во жестока расправија. Мили го обвини Давид за необјективно гласање, на што Давид одговори дека му оди на нерви кога Мили започнува со инсинуации.
Покрај тоа, Цеца и Мили имаа свој момент на несогласување. Се очекува дека оваа епизода ќе биде една од највозбудливите досега.
printskrin Youtube-telegraf.rs tv