Почетна Убавина и здравјеВреме е да бидеме токму тоа што отсекогаш сме биле!

Време е да бидеме токму тоа што отсекогаш сме биле!

од nenad
2 минути читај за

Во свет што постојано нè учи како да се вклопиме, како да се обликуваме според туѓите очекувања и како да бидеме „правилни“, dm дрогерии лансираше иницијатива која носи сосем различна порака: Не станувај нешто друго – биди повеќе ти!

И ова не е тренд, ниту моментална еуфорија. Ова е покана да го отвориме срцето кон она што веќе сме. Да ги пуштиме корените подлабоко во нашата вистина, без да се плашиме дека ќе изгледаме “некако” за другите или нема да им се допаднеме. Па така, и #скрозјас не е само слоган, туку тивко ветување што си го даваме на самите себе. Да не бегаме од сопствената приказна туку да ја раскажеме онака што нема да се изгуби во хорот на очекувањата на другите луѓе.

Да не се покриваме со маски, туку да им погледнеме на другите право во очи, со поглед што кажува „ова сум јас“ и тоа е тоа.  Нè потсетува дека да се биде свој не значи да се биде сам. Да се биде свој значи да се биде дел од свет што вреди повеќе затоа што е полн со различни луѓе, различни очекувања и секогаш секој од нас ќе си го најде своето “стадо”.

Луѓето не се дизајнирани да бидат копии, туку мозаик од искуства, емоции, љубопитност и соништа.

Секој од нас носи свој универзум внатре во себе—еден свет кој понекогаш го покажуваме, а понекогаш го криеме, во страв да не биде погрешно сфатен. Од мали нè учат како треба да изгледаме, како треба да зборуваме, како треба да се однесуваме за да бидеме „прифатени“. Но, што ако веќе сме доволни такви какви што сме? 

#скрозјас не е само кампања туку е и отпор против идејата дека мораме да се менуваме за да заслужиме место во овој свет. Тоа е славење на несовршеноста, на уникатноста, на моментите кога се чувствуваме најживи, кога сме вистински ние. 

Да се биде свој значи да не се приспособуваш на нечија дефиниција за успех, убавина или среќа, туку сам да ја создадеш. Исто така значи и да го сакаш своето лице дури и кога не изгледа како од списанијата, да ги прифатиш своите мисли дури и кога светот бара тишина, да ги прегрнеш своите соништа дури и кога не се вклопуваат во нечии очекувања. 

Ова е година на прифаќање, година на отфрлање на маските и двоумењето, година во која не само што се гледаме себеси во огледало туку конечно се препознаваме. Кампањата  #скрозјас не бара од нас да бидеме нешто што не сме туку напротив ни кажува дека е време да бидеме токму тоа што отсекогаш сме биле. И кога ќе ја отфрлиме тежината на очекувањата, ќе сфатиме дека вистинската слобода не доаѓа од надвор.

Слободата почнува таму каде што конечно си велиме:

Без извинување.

Без страв.

Без компромис.