Во просториите на Културно информативниот центар во Тирана, денеска се одбележа јубилејот 80. години од кодификацијата на македонскиот јазик.
Настанот беше организиран во заедничка соработка на Амбасадата, КИЦ и Лекторатот по македонски јазик. Настанот вклучи поетско читање на студентите по македонски јазик на Факултетот по странски јазици во Тирана, кои прочитаа песни од професорката Славица Свидерска, како и изложба на дизајнерски накит на Сташа Божиновска, инспирирана од македонскиот јазик, насловена како ‘Дума – Чувари на зборовите на македонски јазик’”, објави македонската Амбасада.
Во објавата се додава дека одбележувањето на овој значаен историски момент, кога македонскиот јазик беше кодифициран како стандарден јазик е темелот на македонската култура, историја и самобитност.
„Во мај 1945 година, македонскиот јазик стана официјален, стандардизиран и рамноправен, а нашата азбука и правопис добија трајна форма. Благодарение на визијата и трудот на генерации лингвисти, поети и просветители, македонскиот јазик е наш жив културен код и идентитет“, се нагласува во објавата.
Воедно, се изразува благодарност до студентите од Лекторатот по македонски јазик на Факултетот по странски јазици во Тирана и честитки за нивниот успех во совладувањето на македонскиот јазик, како и до Сташа Божиновска, за прифаќањето на поканата да го збогати денешниот настан со својата изложба на дизајнерски накит.
Post Views: 3
Извор : vesnik-ilinden.com
- Боки 13 вратен во затворот во претканцерогена состојба – адвокатот тврди дека во затворот му се ризикува неговиот живот!
- Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок, ќе има уште затворања
- Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан се сретна со митрополит од Критската архиепископија
- Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху