Почетна Економија„Луфтханза“ и „Ер Индија“ ги откажаа летовите до Тел Авив поради нападот на аеродромот

„Луфтханза“ и „Ер Индија“ ги откажаа летовите до Тел Авив поради нападот на аеродромот

од nenad
1 минути читај за

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и индиската „Ер Индија“ денес известија за прекин на авионските линии до Тел Авив, кој ќе трае до 6-ти мај. Оваа одлука следи по ракетниот напад врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, за кој одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути.

Групацијата „Луфтханза“, во чиј состав покрај германската авиокомпанија „Луфтханза“ се и „Аустриан“, „Браселс ерлајнс“, „Дискавер ерлајнс“, „Еуровингс“, „Свистајн“ и „ИТА ервејс“, соопшти дека го прекинува сообраќајот поради новонастанатата ситуација.

Кратко по објавата на групацијата „Луфтханза“, и авиокомпанијата „Ер Индија“ соопшти за суспендирање на летовите кон Тел Авив до 6-ти мај.

„Нашите операции до и од Тел Авив се прекинати, со важност до 6 мај, за да се осигури безбедноста на нашите клиенти и нашиот персонал“, објави индиската компанија.