Почетна ЕкономијаПоддршка од 49 658 739 денари за 761 производител на ориз

Поддршка од 49 658 739 денари за 761 производител на ориз

од nenad
1 минути читај за

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денес објави дека се извршени исплати кон 761 производител на ориз во вкупен износ од 49 658 739 денари. Овие средства се наменети за предадена оризова арпа на евидентирани откупувачи и/или преработувачи во периодот од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година.

Според информациите од МЗШВ, оваа исплата се однесува на подмерката 1.1, односно “Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија”, при што најголемата количина на оризова арпа која е прифатлива за финансиска поддршка е 8 000 килограми по пријавен хектар.

“Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1,1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи”, соопштија од МЗШВ.

Министерството исто така потенцира дека останува посветен партнер на производителите на ориз.