Популарната пејачка е позната по тоа што зборува без влакна на јазикот, па така пред извесно време остро му се нафрли и на фолк-пејачот Радиша Урошевиќ, откако тој прв ја прозва неа.
Без посебен повод, Радиша Урошевиќ ја искритикува Јелена Карлеуша и изјави дека „нејзините песни никој никогаш не ги пее“.
Кој ги пее нејзините песни на настапите? Кој ги бара? Би сакал да слушнам некој да побарал песна од Јелена Карлеуша, веднаш би престанал да пеам. Никој никогаш не ја побарал. Па, што да се пее? – изјави Урошевиќ.
Карлеуша, во свој стил, брзо и остро му одговори преку социјалните мрежи:
Овој уште пее? Мислев дека е починат. Нека му каже некој дека се пеат само песните на Карлеуша“, порача таа.
Поврзани објави
Сега и Радиша се огласи и ѝ одговори на Карлеуша:
Јелена Карлеуша не ме интересира во животот. Не ме интересира што има да каже. Таа е младо дете. Добра девојка е, бев добар со нејзината мајка, Дивна. Нема што да им забележувам на децата“ – рече Радиша Урошевиќ за медиумите.
Фото: Фејсбук