Почетна ЕкономијаСАД наметнуваат царини за мали пратки од Кина

САД наметнуваат царини за мали пратки од Кина

од nenad
1 минути читај за

Соединетите Американски Држави од денес воведуваат казнени тарифи за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние кои содржат евтина облека од гигантите за онлајн продажба, „Шеин“ и „Тему“.

Оваа нова мерка, која претставува дел од актуелната трговска војна помеѓу двете економски сили, стапи на сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се прекинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност до 800 долари. Токму тоа ослободување им овозможи на кинеските е-трговија компании проширување на американскиот пазар.

Според извори од Белата куќа, досега секојдневно во САД пристигнувале повеќе од четири милиони пратки кои биле ослободени од царина. Со оваа нова политика, пратките испорачани преку приватни курирски служби, како ФедЕкс и Ју-Пи-Ес, ќе подлежат на царина од 145 проценти. За оние што се испраќаат преку поштенски услуги, ќе се применува царина од 120 проценти, односно минимум 100 долари, а од 1 јуни и 200 долари.

Вашингтон тврди дека одредени кинески компании го злоупотребувале повластениот режим за да испраќаат нелегални материи, како хемиски прекурсори за синтетички дроги, вклучувајќи го и фентанилот. Како што тврдат од Вашингтон, одредени кинески компании го злоупотребувале повластениот режим за да испраќаат нелегални материи.

Минатата недела Франција предложи слична мерка – т.н. „такса за управување со мали пратки надвор од ЕУ“, што би се применувала од 2026 до 2028 година, со можност за укинување на царинското ослободување за пратки до 150 евра.