Почетна ЕкономијаВелика Британија го поздрави договорот за минерали меѓу САД и Украина

Велика Британија го поздрави договорот за минерали меѓу САД и Украина

од nenad
1 минути читај за

Велика Британија го поздравува склучувањето на економскиот договор помеѓу САД и Украина, истакна министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, пренесен од ДПА.

Американското Министерство за финансии вчера соопшти дека е воспоставен “инвестициски фонд за закрепнување” на Украина, а украинскиот премиер Денис Шмихал го оцени како “вистински праведен и добар меѓународен договор”.

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, на платформата Х потврди дека двете страни го имаат потпишано договорот.

“Благодарение на лидерството и договорите меѓу претседателот Володимир Зеленски и претседателот Доналд Трамп, министерот за финансии Скот Бесант и јас го потпишавме договорот меѓу Украина и САД за формирање на Инвестициски фонд за реконструкција меѓу Украина и САД”, напиша Свириденко на Х.

Во соопштение на Х, министерот Лами денес изјави: “Обединетото Кралство ги поздравува мерките преземени од САД и Украина за склучување спогодба за економско партнерство. Поддршката на Обединетото Кралство за Украина останува цврста. Со нашето 100-годишно партнерство, ги зајакнуваме економските и безбедносните односи за идните генерации на нашите две земји”.

сд/фото: МИА архива.
Извор: МИА