Почетна Убавина и здравјеНе се знае која од нив била поотмена и подостоинствена – Убавина и здравје

Не се знае која од нив била поотмена и подостоинствена – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Меланија Трамп, Брижит Макрон и кралицата Летиција ја имале привилегијата од првите редови да го проследат испраќањето на папата Франциск на вечна почивка

Вчерашниот погреб на папата Франциск на плоштадот Свети Петар собрал голем број верници во Рим – стотици илјади верници и околу 130 светски делегации. Но од огромната толпа на важни личности се издвоиле три дами – Брижит Макрон, Меланија Трамп и кралицата Летиција. Сите три се појавиле во исклучително скапи и отмени модни комбинации, но во склад со строгиот дрескод што го пропишал Ватикан.

Тие имале можност од првите редови да го проследат испраќањето на папата на вечна почивка, покрај своите сопрузи, лидери на најголемите светски сили – претседателот на Франција, Емануел Макрон, претседателот на САД, Доналд Трамп и кралот на Шпанија, Филип Четврти.

Првата дама на Франција се појавила во струкиран црн капут, а под него носела блуза во струкирано здолниште во истата нијанса со посебен моден додаток – ремен на „Луј Витон“. Таа му останала доследна на минималистичкиот стил, а комбинацијата ја надополнила со црни салонки.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм


Поврзани објави

Од друга страна, Меланија Трамп, која со право важи за модна кралица, овој пат облекла струкиран капут до колена со дворедно закопчување. Ова префинето парче остава впечаток со својот минималистички крој, а и таа обула црни салонки со многу високи потпетици.

Првата дама на Америка, која вчера го прослави својот 55 роденден, понела и црн превез на главата, а тоа го направила и во 2017 година, кога имала можност да се сретне со поглаварот на католичката црква за време на посетата на Ватикан.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Кралицата Летиција, сопругата на шпанскиот крал, која инаку е една од само седумте жени на кои им е дозволено да носат бела боја при средба со папата, се појавила облечена во црно од глава до петици.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Шпанската кралица се одлучила за фустан со миди-должина, кој достигнувал до глуждовите и ја следел линијата на телото со својот ефектен А-крој. Фустанот имал затворен околувратник со кружен изрез и долги ракави кои ги подвиткала. На нозете носела црни салонки со ниска потпетица. Во раката држела црна чанта, додека на главата имала мрежест црн превез, како симбол на жалост.