Контроверзната водителка ги збуни сите со свадбена венчаница и изјава дека „побегнала да се омажи“
Јована Јеремиќ повторно ги изненади своите следбеници – овојпат во улога на „избегана невеста“. Облечена во кратка венчаница, таа шеташе низ центарот на градот и преку видео на Инстаграм се пошегува дека избегала од работа за да се омажи.
Со насмевка изјави:
Избегана невеста, побегнав од Пинк да се омажам!“
Поврзани објави
Овој потег на Јована алудира на култниот филм со Џулија Робертс, а нејзиниот изглед предизвика лавина коментари. Сепак, сè беше дел од снимање – не станува збор за вистинска свадба, туку за симболична порака која ја сподели со својата публика.
Во последно време, водителката поминува низ тежок период, а неодамна призна дека не живее со партнерот Драган Станковиќ. Сепак, вели дека нивната врска е стабилна, и покрај физичката дистанца. Јована не крие дека сака второ дете со него и дека и покрај тешката година, верува во нови почетоци.
printskrin Youtube-pink.rs