Пејачката откри драма од почетоците на нејзината кариера – и зошто парите не ѝ ги дала на Брена…
Мина Костиќ ја шокираше јавноста со признание дека Лепа Брена ѝ побарала 40.000 германски марки за да ѝ помогне во кариерата. Таа вели дека не ги имала парите и не жали што не ѝ ги дала – нејзиниот успех, вели, дошол кога било судено.
Пеев во Швајцарија, Брена ме праша од каде сум, ѝ реков од Белград, а таа ми рече: „Донеси 40.000 марки и ќе ти помогнам.“ Можеби можев да ги соберам, бев најскапа пејачка, ама не знаев да штедам“ – раскажа Мина.
Во најтешките моменти, неочекувано ѝ помогнал криминалец од Нов Белград по име Срѓан, кој живеел во Швајцарија.
Поврзани објави
Ми рече дека сака да ми помогне да снимам албум. Кога дојде со пари, побарав да дојде со сопругата, за сè да биде чисто. За жал, подоцна го убија. Јас ѝ ги вратив парите на неговата сопруга Цеца“ – откри Мина.
Пејачката со емоции се сеќава на Шабан Шаулиќ, кој верувал во нејзиниот талент, како и на другите музички имиња кои ја поддржале на почетокот. Денес, вели, не чека ничие одобрување – знае што вреди.
printskrin Youtube-k1 televizija