Фотографиите од летната авантура на Лепа Брена, Боба и Сања Ѓорѓевиќ предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи
Лепа Брена повторно ги запали мрежите! Овој пат, со сцени од луксузна јахта каде уживаше во морските радости со сопругот Боба Живоиновиќ и колешката Сања Ѓорѓевиќ.
Двете дами беа во костими за капење, додека Боба се појави во многу опуштено и скоро разголено издание. Брена, секогаш разиграна, се навали на неговото тело, додека тој нежно ја гушка околу струк.
Поврзани објави
Сместени под сонцето и насмеани до уши, тројцата уживаа во вистинска летна идила. Морето, смеата и добрата енергија доминираа на секоја фотографија која стана вирална за кратко време.
Инаку, Брена и Боба се еден од најдолговечните и најстабилни парови на естрадата. Од 1991 година се неразделни, а секоја нивна заедничка појава е вистински спектакл за фановите.
printskrin Youtube-k1 televizija