Почетна Убавина и здравје„За тебе гласаа чичковци“: Воја ја опиша одлуката на жирито, а Цеца со една реченица ги насмеа сите

„За тебе гласаа чичковци“: Воја ја опиша одлуката на жирито, а Цеца со една реченица ги насмеа сите

од nenad
1 минути читај за



Во новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“ не недостасуваа шеги, провокации и смеа, а најголемо внимание привлече коментарот на Цеца Ражнатовиќ по гласањето на жирито.

Во музички дуел силите ги одмерија Андреја Стојановиќ од Врање, која е во тимот на Снежана Ѓуришиќ, и Никола Ѓуриќ од Земун, чиј ментор е Ѓорѓе Давид. Иако двајцата кандидати добија поддршка од дел од жирито, никој не успеа директно да се пласира понатаму, па својата шанса ќе ја бараат во баражот.

Водителот Воја Недељковиќ на свој препознатлив начин го искоментира гласањето и предизвика смеа во студиото.

За тебе, Андреја, гласаа чичковци. Мили и Кеба, сакам кога тие двајца се согласуваат“ – рече Воја.


Поврзани објави

На тоа веднаш се надоврза Светлана Цеца Ражнатовиќ, која со духовита забелешка ги насмеа и жирито и публиката.

Убаво е што се согласуваат, само не дај Боже да се размножат“ – порача Цеца низ смеа, по што следуваа реакции од сите присутни.

Во продолжение жирито ги анализираше настапите на кандидатите, а Сања Вучиќ, која ја менуваше Снежана, имаше пофалби за Андреја. Од друга страна, Ѓорѓе Давид откри дека во последен момент менувале песна со Никола, но дека на крај сепак е задоволен од настапот.

printskrin youtube – ZVEZDE GRANDA KRUPNO – GRAND ONLINE