Почетна Убавина и здравјеВнатре во зима е топло, во лето е ладно и нема трошоци за струја и вода! – Убавина и здравје

Внатре во зима е топло, во лето е ладно и нема трошоци за струја и вода! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Куќа направена од земја и рециклирани материјали се претворила во најудобниот дом што можете да си го замислите

Кога некој би ве прашал дали би живееле во куќа направена од гуми, шишиња и земја, веројатно веднаш би одговориле НЕ, но ретко кој знае дека токму таквата куќа е една од најудобните и најисплатливите.

Доказ за тоа е доктор Мартин Френи, кој направил куќа од рециклирани материјали, првобитно изградена како засолниште во случај на војна и нуклеарна катастрофа – а сега ова е еден од најудобните домови.

Иако поимот бункер асоцира на темно и влажно место, оваа куќа е светла, во неа има многу билки кои цутат поради климата што им одговара, додека куќата ја задржува природната топлина во текот на зимата, но и природната ладовина во текот на летото.

Благодарение на соларните панели, куќата користи сончева енергија, собира дождовница и ја користи таа вода како техничка, а во стакларникот на влезот од куќата се одгледува секаков зеленчук.


Поврзани објави

Мартин Френи е доктор кој досега има дизајнирано неколку слични куќички, кои ги нарекува земјени бродови. Целта на овие куќи е да бидат одржливи и да може функционално да се живее во нив.

Погледнете како изгледала изградбата на овој дом во видеото подолу…

ФОТО: Јујтуб