Ви споделуваме рецепт за најбрзиот и најкремливиот колач на светот
Кога ќе посакате нешто слатко, а немате време за готвење, овој колач што се прави за 5 минути е точно тоа што ви треба. Не треба да вклучувате рерна, нема комплицирани чекори и се приготвува од само неколку состојки.
Сè се подготвува во една чинија и за само 5 минути, на трпезата ќе имате десерт кој е кремлив, сочен и спремен за послужување. Идеален е кога ќе ви се најават гости, кога на брзина ви се јаде нешто слатко или кога, едноставно, не сакате да поминете пола ден во кујна.
Најдоброто од сè е што не морате да бидете особено вешти во кујната за олку брз десерт. Малку состојки, малку мешање и колачот е готов.
Состојки:
- 1 јајце
- прстофат сол
- 50 г шеќер
- 10 г ванилин шеќер
- 20 г брашно
- 20 г пченкарен скроб
- 500 мл млеко
- 50-60 г путер
- 300 г чоколадни бисквити
- 180 г млечно чоколадо
- 90 г павлака за готвење со 33-36 отсто млечна маст
- 90 г мелени кикирики
Поврзани објави
Слатко уживање без чекање и без вклучување рерна
Додека постојано брзаме некаде, овој колач од 5 минути е мал потсетник дека готвењето не мора да трае со часови. Без разлика дали штотуку сте почнале да готвите или сте искусен сладокусец, овој брз колач без печење ќе стане вашиот таен адут за секоја пригода.
Пробајте го уште денес и уверете се дека брзината и вкусот можат да одат рака под рака. Целата постапка за приготвувањето погледнете ја во видеото во продолжение…
ФОТО: Јутјуб