Сузана Јовановиќ тешко се носи со загубата, но се обидува да остане силна заради децата
По смртта на Саша Поповиќ, во домот на семејството на Бежаниска коса владее тишина и болка. Неговиот кум и долгогодишен пријател, Дејан Чирковиќ Чира, открива дека најтешко ѝ е на неговата сопруга – Сузана Јовановиќ.
Седам во куќата и гледам каде седеше, каде јадевме, како гледавме телевизија… и чекам, како да ќе се врати“ – искрено вели Чира.
Тој додава дека Сузана е скршена од болка, но се обидува да остане прибрана заради ќерката Александра.
Поврзани објави
Иако околината ѝ дава поддршка, тешките моменти доаѓаат кога останува сама.
Додека сме со неа, се држи, но кога ќе остане сама ѝ е најтешко. Таа е силна жена, не сака ќерката да ја гледа растажена, иако Александра е доволно возрасна да сфати сè“ – додава тој.
Да потсетиме, Саша Поповиќ почина по долга борба со болеста во онколошкиот институт во Париз. Погребниот чин беше на 6 март на Бежаниските гробишта, оставајќи зад себе скршена сопруга, ќерка и син.
printskrin Youtube-Telegraf.rs TV