Од Анталија пристигнаа фотографии со кои Ема покажа една сосема поинаква страна од онаа што јавноста ја гледа во емисиите.
Ема Блажеска знае како да привлече внимание со своите фотографии, а овојпат причината е нејзиното летно издание од Анталија. Кенијката која со години живее во Македонија сподели неколку фотографии во костими за капење и покажа како го поминува летото.
На кадрите Ема позира опуштено, а во фокусот се нејзината фигура и тетоважите кои дополнително го нагласуваат нејзиниот препознатлив изглед. Фотографиите предизвикаа низа реакции кај нејзините следбеници, кои не останаа рамнодушни на ова издание.
Иако потекнува од далечната Кенија, Ема одамна е дел од македонската јавност. Таа е сопруга на Михајло Блажески, со кого ја има ќерката Дарија, а нејзината приказна често привлекува интерес токму поради спојот на две различни култури.
Ема неодамна зборуваше и за својот живот во Македонија во емисијата „Кафе муабети“. Таму со доза хумор откри како ги доживува македонските мажи – како семејни, заштитнички, вредни и лојални, но се пошегува дека знаат да бидат и „мамини синови“.
Поврзани објави
За македонските жени, пак, имаше само убави зборови. Според неа, тие се многу убави, различ
ни и силни. Во разговорот сподели и дел од своето искуство со учењето македонски јазик и животот во нашата земја.
Сега, со фотографиите од Анталија, Ема повторно покажа дека покрај интересната животна приказна има и препознатлив стил кој лесно го привлекува вниманието на социјалните мрежи.
Screenshot Instagram