Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, се состана со шпанскиот министер за економија, Карлос Куерпо, во Вашингтон, изјавувајќи дека Мадрид мора да инвестира повеќе во одбраната, за да ги исполни своите должности кон НАТО.
За време на средбата во вторникот, Бесент “ја истакна потребата од поголеми трошоци за одбрана на Шпанија во контекст на НАТО”, се наведува во соопштението на американското Министерство за финансии.
Бесент, исто така, дискутираше за шпанскиот “данок за дигитални услуги”, кој наложува поголеми даноци за големите технолошки фирми, а за кој Белата куќа смета дека неправедно ги таргетира американските технолошки гиганти, како и за “другите нетарифни бариери” наметнати на Соединетите Американски Држави.
По разговорот со Бесант, Куерпо изрази уверување дека САД се подготвени за преговори со ЕУ во врска со трговијата и царините, и дека се стремат кон постигнување на договор пред истекот на мораториумот во јули.