Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на универзитетот Харвард со одземање на значајните даночни поволности, еден ден откако реномираниот универзитет одби да ги исполни неговите барања.
“Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување и да биде оданочен како политички субјект, ако продолжи да турка политички, идеолошки и терористички инспирирани/поддржани „болести?“”, напиша американскиот претседател на својата социјална платформа Truth Social.
Претходната вечер, американското Министерство за образование објави дека ја суспендира федералната помош за универзитетот Харвард во вредност од приближно 2,3 милијарди долари.
Оваа одлука е последица на одбивањето на универзитетот да ги задоволи барањата на Белата куќа, меѓу кои е и прекинување на програмите за разноликост, еднаквост и инклузија.
“Изјавата на Харвард ја отсликува загрижувачката перцепција за граѓанските права која владее на врвните универзитети во САД – дека федералните средства не подразбираат обврска за почитување на законите”, се наведува во известувањето на Работната група за борба против антисемитизам при министерството.
Министерството извести дека се стопираат 2,2 милијарди долари во донации и дополнителни 60 милиони долари во договори со универзитетот.